Кога се работи за пенисот мажите знаат да бидат горди, но и загрижени дали тој нивни дел од телото ќе и се допадне на партнерката.

Истражувањето од Универзитетот во Цирих покажало дека нивните грижи – големина на пенисот, за жените не е толку битна. Швајцарските научници спровеле анкета врз 105 жени од 16-45 години и замолиле да проценат различни елементи напенисот.

Во осум категории, должината добила само шесто место на листата на важност. Дури 85 отсто испитанички тврделе дека се задоволни со должината на пенисот кај својот партнер, а најголем дел изјавиле дека должината не им е битна.

Првото место уверливо е за општиот изглед на пенисот, следува уреденоста на влакната околу пенисот, додека третото место е резервирано за дебелината на пенисот.