Неодамнешно истражување на „Југов“ во клучните земји на ЕУ (Германија, Франција, Шпанија и Италија) говори дека не постои големо расположение за брзо проширување на Унијата со нови членки.

Имено, резултатите од анкетата спроведена врз граѓани во Германија, Франција, Шпанија и Италија наведува дека жителите од овие земји, не се многу расположени за ново проширување со државите кандидатки за ЕУ меѓу кои е и Македонија.

Според „Југов“ околу 22 отсто од граѓаните на овие клучни земји членки на ЕУ сакаат Украина да биде дел од ЕУ. Интересно е што Македонија единствено 5,2 отсто од испитаниците во овие земји посакуваат да влезе во Унијата. Нешто повеќе расположение меѓу Европејците за влез во ЕУ од нас имаат Црногорците, каде само 7,2 отсто од жителите на Унијата сакаат таа земја да влезе во еврозоната.