Третина од вработените во Германија работат прекувремено повеќе од една година за време на нивните работни кариери. Денес, во просек, три часа неделно се работи прекувремено во Германија.
Вработените работат прекувремено 9,655 часа во текот на работниот век, а за оние на високи позиции – 15.390 часа, според истражување на Партнерот за компензација (Compensation Partner) од Хамбург, во кое учествувале повеќе од 215.000 вработени во Германија.
Истражувањето покажа дека третина од вработените не добиле пати за дополнителните часови. Затоа тие работат 13 месеци бесплатно во текот на нивниот работен век.
Во случај на менаџери, дури 74 отсто не добиваат надомест. Тие работат 21 месец бесплатно за време на својата кариера.
Добрата вест е дека бројот на прекувремени часови е во опаѓање, според Ворк Тајм Монитор (Work Time Monitor).
Дури 54 отсто од вработените во Германија работат прекувремено, во просек околу три часа неделно или жени во просек 2,2 и мажи 3,7 часа.
Во 2009 година, просечниот број на прекувремени часови беше 6,5 неделно.
Главниот извршен директор на Партнер за компензација Тим Бегер изјави за „Шпигел“дека падот е поврзан со економскиот развој.
Партнер за компензација е филијала на консултантската фирма во Хамбург ПМСГ (PersonalMarkt Services GmbH).
„Тензичната ситуација во финансиската криза придонесе во 2009 година да има повеќе прекувремена работа отколку денес“, вели Бегер и додаде: „Денес доживуваме економски бум и односот помеѓу работата и приватниот живот е поизбалансиран, што значи и помалку подготвеност за работа прекувремено“.
Институтот за истражување за вработување (IAB), кој припаѓа на Федералната агенција за вработување, исто така, забележа намалување на бројот на прекувремени часови.