Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери беше исвиркан заедно со владината делегација, при пристигнување на Мечкин Камен. Додека тие се движеа кон местото каде треба да се сместат, од зад барикадите каде стојат посетителите, извикуваа „Уа, уа“ и исвиркуваа.
Меѓу присутните од делегацијата на Владата, како што објави Макфакс, беа Љупчо Николовски и Јетон Шаќири.
Со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи почит и продолжувајќи ја традицијата. Потоа беа пеени патриотски песни. Се скандира и „Никогаш северна, само Македонија“.
Инциденти на Мечкин Камен имаше и лани кога исто така имаше исвиркување.
Наспроти исвиркувањето на Џафери и владината делегација, на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен, со аплауз беше пречекена делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицкоски.