Милано одлучи да ја забрани работата на компаниите за изнајмување електрични тротинети се додека не се утврдат јасни правила за употреба на тоа превозно средство.
Одредбата предвидува дека ел/тротинети можат да се управуваат во Италија само во пешачки зони, на пешачки и велосипедски патеки и во области каде што брзината е ограничена на 30 км на час.
Исто така, од локалните власти се бара да објават правила за сообраќај на видлива локација.
Првата компанија за изнајмување такви превозни средства се појави во Милано во октомври 2018 година.
Од пролетта оваа година има уште шест компании, што е тренд и во други европски градови.
На крајот на јули, Милано дозволи брзина од 6 км на час во пешачките зони и им забрани да се движат на тротоарот, со казна од 26 евра.