Италијанската фудбалска репрезентација вчеравечер ја победи Австрија со 2:1 по продолженија во осминафиналето на ЕВРО 2020. Италијанците ја продолжија серијата без пораз на 31 натпревар. Ова е нов рекорд на „Аѕурите“.
Италијанскиот национален тим под водство на Роберто Манчини го надмина резултатот на генерацијата под водство на селекторот Виторио Поцо која во 1939 година имаше 30 натпревари по ред без пораз.
На оваа рангирање, трета е селекцијата која играше под водство на Марчело Липи, со серија од 25 натпревари без пораз.
Италија во четвртфиналето на Европското првенство ќе игра со победникот од дуелот Белгија – Португалија.