Италија се подготвува да продаде државни имоти за 1,8 милијарди евра за да намали државен долг.
Министерството за финансии објави список со имоти што се сопственост на државата или на локални и регионални администрации за да се вклучат во планот за екномски спас. Во него се и болници, воени објекти, згради што не се користат…
Премиерот Џузепе Конте изјави минатиот месец дека очекува преземените мерки од владата да дадат позитивни резултати во втората половина од оваа година.
Податоците од јануари покажаа дека државата е на пат да влезе во прва рецесија од 2013 година досега. Државата и нејзини регионални и други државни општински структури имаат имот вреден 283 милијарди евра.