Националното собрание на Венецуела каде контрола има опозицијата, донесе денеска закон за преминување кон демократија и обнова на уставниот поредок во државата.

– Националното собрание донесе закон што регулира преод кон демократија и обнова на уставниот поредок во Венецуела. Актот е предаден за итно објавување во печатениот орган на Парламентот, се нагласува во соопштение објавено на Твитер.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо кој се прогласи за в.д. претседател на Венецуела го коментираше прифаќањето на законот: – Со негова помош ќе ги поставиме основите за премин кон демократија и прекин на узурпацијата на власта.