Парламентарните партии на левиот центар во Италија бараат заменик-министерот за економија и финансии, Клаудио Дуригон, да поднесе оставка.

Барањето за негова оставка уследи откако Дуригон предложи паркот во Латина да го носи името на братот на фашистичкиот водач Мусолини, Арнолд.

Според италијанскиот закон, величањето на фашизмот е казниво.

Паркот во градот Латина сега го носи името на двајцата судии Фалконе и Борселин, кои беа ликвидирани од мафијата, и двајцата се симбол на борбата против организираниот криминал.

Десничарската партија Лига, чиј член е Дуригон најави дека нема да дозволи негова смена.