Двајца полицајци и една жена-цивил се повредени откако маж се обидел да земе 20 лица за заложници во трговски центар во италијанскиот град Фјуџи.
Италијанските карабињери брзо го совладале невооружениот маж, за кого постои сомневање дека има ментална болест и го одвеле во психијатриска болница.
Тој прво го нападнал директорот на трговскиот центар, а потоа се заклучил во училница со 20 студенти.
Полицијата веднаш пристигнала, а при спасувачката акција повредена е една жена и двајца полицајци.