Италијанската полиција уапсила двајца косовски државјани, татко и син, поради психичко и физичко насилство врз 19 годишна девојка од Македонија, која била свршеница на синот.
Локалните медиуми во Римини информираат дека двајцата Косовци на возраст од 54 и 24 години, се уапсени по наредба на обвинителот Давид Ерколано.
За траумите кои ги преживувала, девојката му кажала на татка си кој за тоа ја известил полицијата.
Двајцата Косовци се уапсени денеска, а девојката е однесена во болницата во Римини за медицинска контрола и третман.
Девојката и изјавила на полицијата дека со момчето се запознале преку Фејсбук по што по кус период решила да замине од Македонија за да живее заедно со свршеникот. Но, веднаш по пристигнувањето, оваа љубовна сторија се претворила во пекол. Тие и го одзеле пасошот, а секојдневно била изложена на физичко и психолошко насилство.