Пет илјади лица присуствуваа денес на погребната церемонија во Италија на 16-те жртви од урнатиот мост во Џенова. Дваесет семејства решија да не земат учество на погребот организиран од италијанската држава.
Семејствата на 17 жртви кои се решија на таков чекор се гневни на државата и не сакаат нивната тага да се претвори во јавен спектакал.
„Држата е таа која го предизвика ова, парадата на политичарите (на јавен погреб) е срам“, изјави мајката на една од намјмладите жртви од Неапол.
На местото на саемот во Џенова, каде се одржува погребната церемонија, со аплауз беа поздравени пожарникарите и мажите и жените од италијанската Цивилна заштита. На ковчезите имаше и едно знаме на Чиле зашто една од жртвите по птекло е од таа земја, како и знамиња на фудбалскиот клуб од Џенова, за кој настапува нашиот Горан Пандев.
Претходно, претседателот на Италија, Серџо Матарела го посети местото на несреќата од каде се извлечени телата на 42 жртви.