Пожар на првиот крак кај Агиа Параскеви избувнал попладнево, објавија грчките медиуми.

Според Ефемерида, пожарот е забележан околу 13 часот во Агиа Параскеви кај Агиа Триада, на првиот крак на Халкидик, Касандра. Регионалните власти велат дека пожарот избувнал на место засадено со палми. Десет пожарникарски возила со 28 пожарникари се испратени на местото, како и два авиони за гасење пожари.

Пожарот, според последните информации, е ставен под контрола.