Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Џузепе Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври.
Конте претходно побара од Парламентот да ја продолжи вонредната состојба во земјата до крајот на октомври, што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.
Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирусот.
Таа одлука важеше шест месеци, а истекува на крајот на јули.
– Вирусот продолжува да се развива и не исчезна. Би било несфатливо нагло да се прекине толку ефикасна мерка, рече Конте во горниот дом на Сенатот.
Сепак, тој се откажа од барањето за продолжување до крајот на годината, велејќи дека сака обновување само до октомври.
Вонредната состојба им дава поголеми овластувања и на регионалните и на централните власти, вклучувајќи и олеснување на министрите да прогласуваат црвени зони ако болеста повторно се појави и да ги зајакнат болничките ресурси.