Во Италија, која е најтешко погодена од новиот коронавирус по Кина, дури 168 лица починаа за само 24 часа, што е највисоко за еден ден од 21 февруари од моментот кога беа регистрирани првите случаи.

Така, бројот на загинати се зголеми за 36 проценти за само еден ден и сега изнесува 631.

Пријавени се нови 977 заболени, така што сега во Италија се заразени 10.149, што е за 10 проценти повеќе од претходниот ден.

Во оваа најтешко погодена земја во Европа, се спроведуваат драстични мерки за да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот наречени „Останувам дома“ и целата земја е ставена во карантин.