Италијанската полиција денеска заплени еден тон дрога во моторен чамец кај туристичкото крајбрежје Санта Марија ди Лука. Вредноста на дрогата се проценува на 10 милиони евра.
Според албанските медиуми кои се повикуваат на извори од италијанската полиција, дрогата е од типот канабис сатива, а чамецот тргнал од албанското крајбрежје.
Дрогата била пакувана во 49 вреќи, а полицијата во акцијата ги уапсила тројцата членови на бандата кои биле во чамецот од кои двајца албански и еден италијански државјанин.
Шверцот со дрога од Албанија кон Италија по морски пат е присутен во континуитет. Само оваа година во регионот на Пулија во Италија, полицијата блокираше 9 моторни чамци – глисери при што заплени 13 тони дрога. Во акциите се уапсени над 23 организатори на шверцот од кои најголем број се албански државјани.(