УЕФА делегираше италијанската судиска екипа за натпреварот меѓу Словенија и Македонија во рамките на ЛН.

Главен судија на средбата што ќе се одигра на стадионот „Стожице“ во Љубљана ќе биде Андреа Коломбо од Италија.

Негови помошници ќе бидат Џовани Бачини и Валерио Колароси, додека улогата на четврти судија ќе ја извршува Матео Маркети.

За ВАР-технологијата ќе бидат задолжени Мајкл Фабри како главен видео-судија и Федерико Ла Пена како негов асистент.

Натпреварот од Групата 1 во Лигата Б е закажан во вторник од 20:45 часот.