Феноменот Абруцо – колку повеќе земјотреси толку повеќе зависност од хазардни игри. Сигурно не сте слушнале за селото Карезанаблот. Тоа е општина со нешто повеќе од 1.000 жители во северната италијанска област Пиемонт, на половина пат од Милано кон Торино. Тоа село е апсолутен шампион по коцкање по глава на жител.

На секој жител се „паѓаат“ над 28.000 изгубени евра на покер-машини, бинго и лотарија. Како е можно тоа таму е вистинска мистерија. Има уште една италијанска загатка која останува нерешена долго време – зошто земјотресите се поврзани правопропорционално со хазардот. Како така сиромашната област Абруцои која е најземјотресна зона е и најзапалена за коцкање? Имено, колку повеќе земјотреси ја тресат, толку повеќе луѓе таму играат хазардни игри. Најголеми влогови ставаат луѓе од селата под кои земјата најмногу се ниша.

Од година во година Италијанците се повеќе играат хазардни игри и тоа е сферата каде нема пад на приходите. на покер-машини најмногу играат сиромашните додека богатите се во казината.

Во Италија сепак, отворање казина е забрането. Во државата има само 4 казина и сите се во радиус од 300 километри околу богатиот Милано. Ако сограѓаните од Сицилија или Калабрија треба да дојдат да се коцкаат ќе треба да поминат илјада километри. Жителите на северот избираат меѓу две казина, во Венеција и едно во Сан Ремо и Сан Венсан додека казиното во Кампионе д’Италија неодамна пропадна. Само во 2017 година жителите на Ботуша „проиграле“ 102 милијарди евра и тоа е за пет милијарди евра повеќе од претходната година, тврди Агенцијата за царина и монбопол. Над 8 милијарди евра влегле директно во казината. 65 отсто од потрошените милијарди се ставени во покер-машини во барови, најпосакуваното место за селските коцкари.

Во Италија има над 265.000 покер машини. Регионот рекордер во Италија – Абруцо, регистрира по 1.500 евра за хазард-игри по човек годишно. Феномен е селото Скуркола Марсикана – секој жител троши по 2.050 евра годишно само на бинго. Соседдите од Кокуло на неколку километри подалеку од Абруцо, не се даваат лесно – тие се рекордери за спортска прогноза – трошат по 1.130 евра по човек годишно.

Италијанскиот буџет добива двојно повеќе од францускиот и британскиот и четири пати повеќе од шпанскиот и германскиот. Со други зборови, Италијанците се ненадминати. Според Високиот институт за здравство, еден од секој тројца Италијанци се коцкаат.