Италијанскиот тренер и поранешен репрезентативец Фабио Канаваро е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.

„Скај Италија“ објави дека Канаваро веќе имал средба со раководството на Полската фудбалска федерација во Краков и преговорите добро напредуваат.

Полска е без селектор по заминувањето од должноста на Пауло Соуса, кој ја предводеше репрезентација на 15 натпревари и оствари ефект од шест победи, пет нерешени и четири порази.

Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите за полски селектор е и поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.