Членот на италијанската екстремна десничарска партија Северна лига и еден од најгласните противници на вакцинацијата, Масимилијано Федрига, заврши во болница, и тоа токму поради сипаници.

Федрига објави дека бил во болница четири дена откако „заработил”сипаници  минатата недела.

„Добро сум, сега сум дома и се опоравувам, им се заблагодарувам на сите”, објави Федрига на социјални мрежи откако ја напушти болницата.

Фидрига е еден од најгласните противници на италијанскиот закон од 2017 година за задолжителна вакцинација на деца пред да одат на училиште.