Сенатот во Казхстан ја избра Дарига Назарбаева за свој претседател. Дарига е ќерка на Нурсултан Назарбаев, кој беше претседател на државата во изминатите 30 години.

Назарбаева (55) беше избрана едногласно од членовите на Сенатот, ден откако нејзиниот татко поднесе оставка на функцијата.

Според Уставот, спикерот на Сенатот Каsим Жомарт Токаев даде заклетва како претседател на државата. Тој ќе ја извршува таа функција се до изборите во 2020 година.