По завршувањето на Првата светска војна била основана Меѓународна комисија за разграничување меѓу Албанија, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (CXC) и Грција. Телото било создадено поради несогласувањата околу дефинирањето на границите на Албанија. Bо расправијата се вклучила и Бугарија, која искажала интерес за 18 наводни „бугарски села“ во Албанија.
Задачата да ја утврди националноста на жителите во овие села му била доверена на италијанскиот генерал Енрико Телини, пишува на ФБ страницата за општество клутура Macedonia : a True Endless Story …
Откако ја истражил ситуацијата на терен, Телини преку италијанското претставништво во Драч го известил Министерството за надворешни работи во Рим на 2 август 1923 г. дека жителите во селата се идентификуваат како Македонци, а не Бугари. Телини пишува:
– „При карактеризирањето на овие села, нарочно го користев општиот апелатив македонски, а не бугарски, бидејќи насекаде кога жителите ќе ги прашав за нивната националност одговараа Македон, и кога ќе додадев Бугар, тие повторно одговараа Македон.“
Овој и слични историски документи јасно укажуваат дека македонското име и национална свест опстојале и покрај првобитната забрана на името Македонија (и следствено – името Македонци) од страна на турскиот султан во содејство со Европските сили, како и подоцнежните напори да се избрише или происвои името Македонија по нејзината насилна поделба во 1913 година.
ИЗВОР: „Италијански дипломатски документи за Македонија“, Државен Архив на Република Македонија, Матица Македонска, Том 1, Книга 1, 1918 – 1924, Скопје 2001, стр. 231, 233. —–/