Иранското здружение на Црвената полумесечина упати итно предупредување до жителите на Техеран да не ги напуштаат своите домови поради „црниот дожд“ кој почна да паѓа по нападите врз нафтените постројки, јавија локалните медиуми. Постои сериозна опасност дождот да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови.

Во соопштението објавено на Телеграм, организацијата ги повика граѓаните кои ќе се најдат на отворено веднаш да побараат засолниште под бетонски или метални покриви. Се советува секој што бил изложен на дождот веднаш да ја исплакне кожата со ладна проточна вода и да ја промени облеката.

Утрово иранските државни медиуми потврдија дека САД и Израел синоќа погодиле пет нафтени постројки во околината на главниот град, при што загинале најмалку четири лица.

Речиси 10 милиони жители на Техеран се разбудија под густ црн чад, а новинарските извештаи од терен потврдуваат дека дождовницата е заситена со нафта и саѓ.

фото: Архива