Посетителите на отворен базен на новосадското Сајмиште евакуирани се денеска по 13 часот, јавија локални медиуми.

Причина за тој потег на полицијата, како што јавуваат локалните медиуми, најверојатно е проблемот со неконтролирано истекување на хлор.

На терен се полициски возила, пожарникари и амбулантни возила.