Тоа за што пред дена предупредив, дека се подготвува криминален тендер, денеска триаголникот Филипче – Клиничка Болница Штип – Жути, почна да го реализира својот план, вели Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи дека на веб-сајтот за електронски набавки денес е објавен тендер за реагенси, кој се разбира го увезува само фирмата на Александар Јовановски-Жути.

-Повторувам:
– Клиничка болница – Штип доби имунолошки анализатор од марката Абот Архитект, а тој анализатор работи само со реагенсите на Жути.
– Клиничка болница – Штип денес објави тендер за набавка на овој тип на реагенси, а доказ за тоа е техничката спецификација.
– Сега следува Жути да добие на тендерот и успешно да се заокружи планираниот процес, вели Јорданов.

Јорданов потенцира дека директорот на Клиничката болница – Штип, Ален Георгиев и министерот Филипче треба да знаат дека за фаворизирање на компанија и местење на спецификација во тендерот според нејзините потреби кривично се одговара.

-Тие се фатени на дело како без ниту малку чувство за срам местат тендер за лице и компанија кој е во корист за остварување на нивните бизнис интереси. Ова е класичен криминал, од банда која не бира ни време, ни средства за лично богатење. Тендерашката структура која хара низ болниците во Македонија врши грабеж на населението преку неконкурентно трошење на парите на граѓаните, а за сметка на тоа си ги полни сопствените џебови, порача Јорданов.

Линк до објавениот тендер.