Иван Стоиљковиќ, поканет од Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Платонович Патрушев и ќе биде дел од десеттиот по ред “Форумот за безбедност“ кој го организира официјална Москва.
Николај Платонович Патрушев бил директор на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија (1999-2008), секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација од 2008 год., и е на истата позиција со претседателски декрет (Владимир Путин) од јуни 2018 година.
Во врска со ова, Иван Стоиљковиќ истакна: “На покана од Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев ќе учествувам на десеттиот по ред Форум за безбедност кој оваа година од 17 до 20 јуни ќе се одржи во Уфа, главниот град на Република Башкортостан. Овој Форум за безбедност се одржува секоја година по иницијатива на Советот за безбедност на Руската Федерација и подршка од структурите на ООН, како место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста.”