Поздрав до сите Македонци во светот, каде и да сте, поздрав од нас од Пиринска Македонија, порача денеска Македонецот Атанас Кирјаков од Пиринска Македонија, преку својот профил на Фејсбук.

– Viva Macedonija (Да живее Македонија!)- напиша кратко Кирјаков.

Постот на Фејсбук е илустриран со фотографија на повеќе генерации облечени во црвена маичка со македонското шеснаесеткрако сонце, симболот од Кутлеш.