Во својот говор на отворањето на 46. Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, рече дека мора да се најде решение со Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Иванов, Бугарија мора да покаже цврстина, но и храброст и да најде решение за проблемот со РС Македонија во новиот парламент. Вистината, според Иванов, треба да се одбрани, но исто така и треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи, како што нагласи тој, тоа е бугарскиот национален стратешки интерес.
Во својот говор пред новото Национално собрание, Иванов, исто така, истакна дека нивните приоритети ќе бидат справување со новиот четврти бран Ковид-19 и борбата против корупцијата.