Да не беа прогресивните Албанци ни НАТО, ни ЕУ ни бутур ќе имавме, коментира поранешниот портпарол на Владата, новинар и аналитичар, близок до актуелната власт, Зоран Иванов.
– Албанците, па Албанците. Па, да не беа прогресивните Албанци и да не се македонските и другите демократски сили, со бојкотирачите и со форсирачите на поделби меѓу Македонците од типот „предавници“ и „северџани“, ниту НАТО ќе беше ниту ЕУ скринингот ќе беше ниту бутур, па сега ценете кои се всушност патриотите, а кои се предавниците кочничари на македонските перспективи, објави Иванов на Фејсбук.
Тој е отворен поддржувач на политиките на актуелната власт и во неговите чести настапи на медиумите отворено ги застапува и ги брани нејзините политики и критички настапува против опозицијата.