Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.

-Очекуваме оваа година да биде успешна за Армијата, односно Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО, да ја добиеме поканата и Македонија конечно да биде членка на НАТО, истакна претседателот Иванов.

Македонскиот претседател имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ во касарната, а новогодишните празници, преку видео-конференциска врска, им ги честиташе и на припадниците распоредени на јужната граница како и на учесниците во мисиите во Авганистан, во Либан и во Босна и Херцеговина, на кои им посака успешно завршување на мисиите и враќање во своите домови.

Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски и при тоа на војниците во Кичево им подари телевизор.