За проектот „скопски градски воз“ повторно започнавме соработка со Градежниот факултет, тие направија физибилити студија, ги означивме трасите, најголем дел се на постоечки пруги кои што со децении не се користат, изјави директорот на Македонски железници и инфраструктура, Синиша Ивановски, во гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски.
Директорот на Македонски железници и инфраструктура ги претстави трасите на проектот „Скопски градски воз“ и планот за интеграција со градскиот транспорт.
-Првата траса ќе се движи од Миладиновци, преку Илиден и Маџари до станица Скопје, долга околу 20 километри.
-Втората ќе започнува од Зелениково, преку Јане Сандански, Драчево и Лисиче до централната станица, со должина од околу 25 километри.
-Третата фаза ќе ги опфати краците од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север до централната станица, долга околу 18 километри.
Ивановски истакна дека на овие краци моментално има 11 станици. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, покажува голем ентузијазам за проектот, бидејќи успешната реализација бара блиска соработка со Град Скопје.
Поради тоа што дел од станиците се надвор од центарот на населбите, ЈСП ќе организира мини-басови кои во текот на денот ќе собираат патници од околните населени места и ќе ги превезуваат до централната станица. Превозот ќе биде синхронизиран со возниот ред, за да се избегне чекање и граѓаните брзо да се дисперзираат низ градот, појасни Ивановски.
Целото гостување на Ивановски погледнете го во продолжение: