Во најтесниот круг во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во 2022 година очекувано влегоа капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси и двајца Французи, најдобриот стрелец на Мундијалот во Катар, Килијан Мбапе и ланскиот освојувач на „Златната топка“ Карим Бензема.
Добитникот на наградата „The Best“ ќе го изберат селекторите и капитените на сите репрезентации, фудбалски новинари, како и посетителите на интернет сајтот на ФИФА.
Во потесниот избор за најдобра фудбалерка влегоа Англичанката Бет Меад, Американката Алекс Морган и Алексиа Путељас од Шпанија.
Аргентинецот Лионел Скалони, Италијанецот Карло Анчелоти и Шпанецот Пеп Гвардиола се кандидати за најдобар тренер во машка, додека англиската селекторска Сарина Вигман, нејзината бразилска колешка Пиа Санхеџ и Соња Бомпастор од францускиот прволигаш Лион се номинираните во женска конкуренција.