Британскиот премиер Борис Џонсон ќе распише избори што ќе се одржат на 14 октомври ако законодавците го блокират евентуалното излегување на Велика Британија од Европска Унија без договор, изјави денеска неименуван владин извор.
Џонсон претходно изјави дека не сака избори и апелираше до пратениците да не ја поткопуваат британската преговарачка позиција со ЕУ.
Во краткото телевизиско обраќање Џонсон наведе дека нема околности под кои би прифатил пролонгирање на Брегзит, што е закажан на 31 октомври.
Претходно, пратеничката Хилари Бен на Твитер објави копија од предлог законот за одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година.
Пратениците кои се спротивставуваат на плановите на Џонсон за Брегзит, бараат да се донесе закон со кој премиерот ќе биде присилен да го одложи излегувањето на Велика Британија од Европската унија до 31 јануари 2020 година.
Предлог-законот ќе бара од Џонсон да побара од Европска Унија да го одложи Брегзит доколку не успее да постигне нов договор за излез со ЕУ до 19 октомври или да добие парламентарно одобрение да го напушти европскиот блок без договор.
– Целта на тој закон е да се обезбеди дека Велика Британија нема да излезе од ЕУ на 31 октомври без договор, освен ако парламентите не се договорат, објави Бен на Твитер