Американскиот државен обвинител Вилијам Бар подготви нацрт закон со кој би се забрзало изрекувањето смртни казни за лицата кои извршиле масовно убиство, соопшти денеска Белата куќа.

Од кабинетот на американскиот потпретседател Мајк Пенс соопштија дека таквата мерка ќе биде дел од законот за оружје, што Белата куќа планира да го поднесе до Конгресот.

Белата куќа работи на мерки за спречување на вооружено насилство по неколкуте неодамнешни масакри.