Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека 3,04 проценти од регистрираните гласачи, или 59.619, гласале на вонредните парламентарни избори денеска до 10 часот наутро, врз основа на податоци од 97,4 проценти од гласачките места.

Тоа е малку повеќе од бројот на граѓани кои гласале во исто време на претходните вонредни парламентарни избори во декември лани (2,68 проценти), покажуваат податоците на ЦИК.

Податоците за излезноста на гласачите, како што објави ЦИК, ќе бидат објавени во шест интервали до затворањето на гласачките места во 19 часот.