До 19 часот во Црна Гра гласале вкупно 74,9 отсто избирачи, соопштил Центарот за мониторинг и истражување.
Излезноста во регионот на Подгорица е 77,7 отсто, во регијата Југ 71,2, а Север 75 отсто.
Изборачките места се затворија во 20 часот, така што конечната излезност ќе биде поголема за уште некој процент, а во Подгорица може да стигне и до 80 отсто.
Оваа излезност покажува дека и во Македонија можеше да се зголеми бројакта од 52 отсто гласачи кои гласаа на 15 јули, доколку опозицијата истраеше во намера изборите да бидат на крајот на август. Наспроти тоа, победи власта токму поради малата излезност во услови кога голем дел од граѓаните се плашеа да излезат на избирачките места. Инаку, токму денеска, во Македонија беше соопштено дека вчера, за прв пат, по долго време се регистрирани под пет отсто заразени од тестираните.
Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.
На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.
Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.
Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.