Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои ривали се премиерот Јури Ратас и неговата Партија на центарот и опозициската Реформска партија.
Изборите се одржуваат во време кога националистичката и десничарска Естонска конзервативна народна партија е се попопуларна.
Речиси еден милион граѓани со право на глас треба да изберат 101 пратеник за следните четири години.
Малата балтичка држава со 1,3 милиони жители, е членка на НАТО и на Европска Унија.