Врз основа на тековните проекции на Си-Ен-Ен, се помали се шансите потпретседателката Камала Харис до победи на претседателските избори.
Поранешниот претседател Доналд Трамп има 266 електорски гласови, а Харис има 188 електорски гласови, проектира Си-Ен-Ен. Тоа значи дека Трамп треба да освои само уште четири електорски гласови за да ја освои претседателската функција.
Си-Ен-Ен предвиде дека Трамп ќе освои неколку клучни колебливи држави – вклучувајќи ги Северна Каролина, Џорџија и уште поважно, Пенсилванија.
Наскоро обраќање на Трамп пред неговите поддржувачи
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп наскоро ќе им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич.
Според досегашните проекции, Трамп има 246 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 187.
Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.