Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салдини, ја однесе својата екстремна десничарска Лига до историска победа на европските избори.
Лигата освои 33,8 отсто од гласовите, најдобар резултат во својата историја и речиси двојно повисок од минатогодишните парламентарни избори.
Францускиот претседател Емануел Макрон, еден од најголемите поддржувачи на идејата за продолжување на европскиот проект, загуби во големиот дуел со екстремната десница на Марин Ле Пен и тоа може да ги спречи неговите амбиции за Стариот континент.
Екстремнодесничарскиот Национален собор на Ле Пен победи ја со мала предност центристичката формација на Макрон, освојувајќи околу 23,5 проценти од гласовите. Ле Пен изјави дека овој резултат е „победа за народот” и повика на нови парламентарни избори, бидејќи ова гласање според неа бил „референдум за неговите политики и дури за неговата личност”.
Иако победите на Салвини, Ле Пен и на Најџел Фараж во Велика Британија, очекуваниот пораст на бројот на евроскептиците на европските избори како да беше порезервиран.
Претседателот на шпанската влада Педро Санчез е најголем победник на вчерашнте евроизбори – резултат, кој тој ќе се обиде да го искористи, за да има поголема тежина во Европа.
-Ние ќе бидеме најголемата делегација на социјалдемократи (во ЕП) и тоа е гордост за нас, но и голема одговорност, рече Санчез. Неговата Шпанска социјалистичка работничка партија освои 32 проценти од гласовите и 20 од вкупно 54 места во ЕП, победувајќи го убедливо својот главен противник, конзервативната Народна партија, која доби 20 проценти од гласовите.
Зелените завршија неочекувано на трето место во Франција, во Германија се втори, го зголемија својот удел во Финска и Данска, жнеат добри резултати во Белгија, Холандија и Велика Британија.
Партиите на коалицијата на Ангела Меркел во Германија треба да научат лекции од вчерашните избори, на кои ги забележаа најлошите резултати во својата историја, продлабочувајќи ја владината криза. Резултатите уште повеќе ја слабеат големата коалиција на конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ (28,4 отсто) и социјалдемократите (15,5 отсто), која откако зеде власта, управува без никаков ентузијазам и страст, а само преминува од една во друга криза, коментира АФП.
Ако европските избори се мерка за состојбата на Европската унија, едно нешто чини јасно: избирачите инсистираат за промена, но не и за целосна ревизија на европскиот проект. Иако на евроизборите беше нанесен удар на левицата- и десничарски партии кои доминираа во 40-годишната историја, не се случи популистички „земјотрес”, како предвидуваше Стив Бенон, поранешен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, истакнува ДПА.