Американскиот претседател Доналд Трамп во Токио рече дека се согласил со јапонскиот премиер Шинѕо Абе за соработка во истражување на вселената и додаде дека двете земји наскоро ќе организираат заеднички мисии на Марс и Месечината.

Тој објасни дека „од воена гледна точка, во моментов нема ништо позначајно од вселената”.

Трамп и Абе не дадоа дополнителни детали, а јапонскиот премиер најави нови инвестиции во САД.