Унгарците ми се подраги отколку мигрантите, мојот народ ми е на прво место, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија партија вчера убедливо победи на изборите за Европарламентот.

– Луѓето имаат право легалнo да влезат во земјава со комплетна документација. Можат ако сакаат да побараат aзил или да продолжат со нивното патување, но заедно со нашите бeзбедносни служби кои ќе им направат комплетна бeзбедносна проверка, на друг начи нема да може, рече Орбан.

Тој поради ваквата политика влезе во кавга со Европската Унија. ЕУ четири години го критикува Орбан поради миггациските политики кои тој ги води за да ја заштити својата земја од напливот на мигранти.

ЕУ побара од невладиниот сектор во Европа да испрати официјална протестна нота до Будимпешта поради како што од таму тврдат, несовесното однесување кон мигрантите.

Брисел се противи на одлуката на Будимпешта за физичко затворање на границите според примерот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, Орбан и покрај протерувањето на Соросовите фондации кои се борат за правата на мигрантите, продолжи да ги затвора организациите кои се финансираат од ЕУ фондовите, а ја критикуваат Унгарија за нејзините политики.