За претстојните локални избори нема да има измени во Изборниот законик за воведување на изборен праг на советничките листи и неазвисните кандидати – изјави денеска Зоран Заев.

Разговарал со собранискиот спикер Талат Џафери, кој го информирал дека поради амандманската блокада на измените и несогласувањата меѓу партиите, до овие избори не може да се гласаат големите промени.

После 17-ти октомври ќе се продолжи со преговори за измените, вели премиерот.

Од утре почнува процесот на собирање потписи за независните кандидати. Јана Белчева, поранешната претседателка на Советот во Општина Центар, на овие избори ќе биде носител на независна листа бидејќи владејачката партија не ги исполнила ветувањата за средување на урбаниот хаос. Таа има големи очекувања и е сигурна дека ќе добие доволно потписи од граѓаните.