Издавачот „Македонска реч“ го објави третиот том од проектот Избрани дела од македонскиот писател Горјан Петревски, со романите: „Марта“, „Другата Марта“ и „Сама“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура. Ќе содржи 18 романи на Петревски во шест тома (по три романи во секој том). Се подготвува по повод 70 години од животот на авторот и 50 години од излегувањето на неговата прва книга.
Во првиот том беше објавена трилогијата: „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“, а во вториот: „Исти очи“, „Далечна љубов“ и „Пламени залези“.
Дизајнот, кориците и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.
Горјан Петревски е еден од најчитаните автори за деца и тинејџери.
Фото: Македонска реч