Избришана е групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, потврдија за МИА од МВР.
Претходно, Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побараа од Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“, во спротивно ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава.
Во меѓувреме, во врска со случајот„Јавна соба“ приведени се четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип.