По катастрофалниот извештај на Транспаренски интернешнл за корупцијата во Македонија, Владата на Заев штотуку соопшти била цврсто решена да ја промени сликата и перцепцијата во борбата против корупцијата. Зошто тоа досега не е сторено, останува неодговорено во ова соопштение. Ако читате внимателно, Владата повторно подметнува: таа веќе се бори против корупцијата и има резутати, ама перцепцијата кај граѓаните се менувала бавно. Тоа отприлика знали дека може о да немаме корупција, ама перцпецијата да остане, за што како што соопшти Костадин Костадинов денеска, а и како што с евели во оваа соопштение подоле, виновна е бившата власт.

Од Владата соопштуваат дека за борба против криминалот и корупцијата потребни се независно обвинителство и независни судски органи. Владата ги обезбедила сите услови за реформа во правосудството и со право очекуваме резултат, односно секој што се огрешил по законот да сноси одговорност.

– Имаме и решителност, и храброст, и план и знаење како да се справуваме со корупцијата и криминалот.
Без разлика што намалувањето на перцепцијата за корупцијата е процес побавен од фактичкото намалување, уверуваме дека ќе се менува перцепцијата кај граѓаните, со секоја следна судска одлука, со секоја следна фаза од прочистувањето кое започна и кое покажува видливи резултати. За алармот кој доаѓа од последниот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ сме свесни и укажуваме дека ништо нема да ги поколеба институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. Владата и граѓаните се на иста страна кога станува збор за борба против корупцијата, се наведува со соопштението од Владата.

Последното рангирање на „Транспаренси Интернешнл“ за индексот на перцепција на корупција според кое Македонија е на 111 место, се наведува во владиното соопштение, покажува и дека земјата го има истиот број поени како и во претходниот што е показател дека нема назадување во процесите. Напоменуваат дека истата организација во пред само еден месец ја рангираше Македонија на високото второ место од земјите на Централна и Источна Европа, според Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана.

– Истражувањето обезбедува детална оценка на ризиците од корупција во институциите на националната одбрана со оценување на секоја држава во пет клучни области на ризик: финансиска, оперативна, персонал, политичка и јавни набавки. Успеавме да бидеме подобри од четири земји кои се веќе членки на Европската Унија и од шест земји кои се членки на НАТО. Ова покажува за направениот силен пробив во транспарентноста и интегритетот во работењето. Владата покажа како се обезбедуваат европски вредности и стандарди дома. Би сакале да потенцираме дека станува збор за Индекс за перцепција на корупцијата. Во таа насока, важно е да се потенцира дека оваа алатка на „Транспаренси Интернешнл“ не говори за тоа дали корупцијата фактички пораснала, туку за тоа што граѓаните го мислат во врска со корупцијата, што секако е од огромна важност.

Владата смета дека перцепцијата на граѓаните дека корупцијата е зголемена е резултат на неколку фактори: граѓаните очекуваа драстична промена во правосудството, но теренот покажа дека коруптивните инсталации на претходното режимско владеење продреле до најситните пори на институциите; државата сѐ уште е во процес на градење на колективна свест за штетното и разорно дејство на корупцијата, но ситното подмитување (активно и пасивно) тешко се искоренува; медиумите се слободни и може да се известува и се известува за случаи за кои порано ретко или никогаш не се слушало; на политичката сцена, најголемата опозициска партија сѐ уште дејствува против владините политики за обезбедување правна држава, а противењето да се даде поддршка на Законот за јавно обвинителство е еден од тие примери со кои ВМРО-ДПМНЕ практично застана против разрешница на предметите во кои се гонат лица осомничени за висока корупција.

Од Владата стакнуваат дека оваа година ќе се продолжи имплементацијата на препораките од ГРЕКО. Во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Тоа ќе придонесе за воочување на евентуалните слабости во поединечните сектори, а со тоа ќе се превенира и корупцијата навремено. Тестот ќе покаже кои сектори се најризични во поглед на корупција, способноста за менаџирање на кризни ситуации од страна на функционерите. Така ќе се овозможи соодветно алоцирање на ресурсите, зајакнување на капацитетот на институциите, обезбедување на поефикасни и навремени услуги кон граѓаните.

Започнат е процесот за целосно воспоставување на проектот за Интероперабилност меѓу антикорупциските институции кои одговараат пред Владата. – Преку овој проект ќе се овозможи безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција, по електронски пат. На тој начин ќе имаме брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција. Никој нема да смее да затајува и забавува случаи, каде има сомнежи за корупција, се вели во соопштението.

– Ќе се работи на екипирање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што ќе придонесе во борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите. Сега, од 23 основни јавни обвинителства во државата, само 4 обвинителства имаат истражни центри кои иако се оперативни, ги немаат потребните капацитети, не се екипирани, ниту пак дигитализирани. Борбата против корупцијата и криминалот е највисоко во агендата на мандатот на оваа Влада, се посочува во соопштението од владината прес-служба.