Од утре (понеделник) лидерот на незадоволната група од ДУИ, Изет Меџити, ја започнува процедурата за основање на новото движење. ТВ21 објави дека целта на Движењето на чело со Изет Меџити е обединување на опозицискиот фронт.

„Или ќе си одиме дома или ќе формираме ново политичко движење“, рече Меџити пред неколку дена, посочувајќи дека истото нема да биде класично.

Прашан дали имаат име за партијата, Меџити рече дека размислуваат и дека дебатата е отворена и се очекуваат иницијативи од граѓаните. Меџити предупреди дека тоа ќе биде демократско движење, кое поинаку ќе го артикулира мислењето. Тој додаде дека до сега има моќна партија ДУИ и мали опозициски партии кои не ја играле улогата на опозицијата.

Меџити мисли дека меѓу Албанците ќе има два политички блока – тоа ќе биде власт и моќна опозиција што нужно ќе произведе поголем ефект за Албанците.