Синоќа во центарот на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко повредена е 79-годишна жена, а возачот кој ја удрил со автомобил побегнал од местото на настанот, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.
„На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Димитрие Чуповски’ во Скопје, патничко возило ‘Фолксваген Тигуан’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од Скопје, удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и го напуштило местото на настанот“, соопштија од МВР.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземените мерки, возачот бил пронајден и приведен на локалниот пат кон Средно Водно.
„Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, додаваат од МВР. објави Скопје1.мк




