Со 78 гласа „за“ на денешната итна седница е изгласан Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

Со ова до крајот на 2026 година се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид. Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски надзорот и ФИДИК експертот утврдија дека се релаизрани 83,84 проценти од проектот

„Се побара продолжување. Причините за пролонгирање на проектот се добро познати, а пред сѐ се долажат на појавата на 13 нови свлечишта што бара дополнително проектирање и нови технички решенија”, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Градежни активности на автопатот Кичево-Охрид
Видете и ова:
Владата одреди нов рок за изградба на автопатот Кичево-Охрид, цената останува 598 милиони евра

Во однос на реализацијата на проектот по одделни објекти на трасата, Бочварски информира дека објектите се реализирани со 88 проценти, тунелите со 93 проценти, ископот на земјениот материјал со 83 проценти.