По цело претпладне исполнето со прес-конференции, Собранието попладнево ги изгласа антикризните закони кои беа на дневен ред на 36-та седница
Претходно со двајца пратеници со Ковид кои беа сместени во посебни кабини, беа изгласани и триесетина закони кои беа дел од 32-та седница, за кој опозицијата не сакаше да направи кворум
Собранието за половина час ги изгласа трите закони кои се од петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид-кризата.
Едногласно со 113, односно 115 гласа „за“ поминаа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.