Јавното претпријатие Национални шуми го објави новиот ценовник за огревно дрво, кој беше усвоен на минатонеделната владина седница. Цените се зголемени за 20 отсто, откако претходно беа непроменети од 2009 година, пишува Фактор.
Цената на најскапото и најквалитетното дрво – дабот, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари за кубен метар. Поскапени се и другите видови огревно дрво: буката на 3.444 денари, јаворот сега чини 3.204 денари, тополата 3.084 денари за кубик…
ЈП Национални шуми лани пријави добивка од околу 1,6 милиони евра, откако Владата интервенираше со субвенции во пандемиската година.
Национални шуми годинава планира да произведе околу 400.000 кубни метри огревно дрво, што е за 50.000 кубици повеќе од лани. Годинава, по поскапувањето на струјата, парното и нафтата значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва.